Електромоторна инвалидска количка

121.469,00 ден

Електромоторна инвалидска количка со алуминиумска рамка која се преклопува која е лесна за движење и транспорт.

Количката има контролер со џојстик со кој е лесно да се оди напред, да се сврти назад, да се сврти лево и десно и да се сврти 360°, со петстепен менувач. Контролорот може да се намести на левата или десната страна.

Материјалот на седиштата и потпирачот за грб е изработен од воздушно пропустлив најлон кој е цврст и мек.

Количката доаѓа со фиксирани потпирачи за раце и потпирачи за нозе кој може да се поместуваат.

На количката има и појас за безбедно возење.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА FS112LAF1

Вкупна должина: 100 см

Вкупна ширина: 63 см

Вкупна висина: 93 см

Ширина на седиште: 46 см

Длабочина на седиште: 44 см

Висина на седиште: 48 см

Висина на потпирач за рака: 21см

Висина на потпирач за грб: 43 см

Дијаметар на предни тркала: 20 см

Дијаметар на задни тркала: 31см

Максимална тежина на корисникот: 100 кг

Капацитет на батеријата: 15Ahx1=15Ah

Далечина од полнење: 17 км

Моќност на моторот: 200 Wx2

Брзина на час: 1-6 км/ч

ПРЕПИШУВА Избран лекар - Лекарска комисија (еднаш во годината)

Медицински индикации

B91 секвели од полиомиелит

G10-G13 системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем

G20-G26 екстрапирмидални заболувања и заболувања на движењето

G30-G32 други дегенеративни болести на нервниот систем

G35-G37 демиелинизирачки болести на централниот нервен систем

G60-G64 полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем

G71-G72 болести на мионевралната спојка на мускул

G81(G81.0-G81.9) хемиплегија

G82 (G82.0-G82.5) параплегија и

nтетраплегија

I69 (I69.0-I69.8) секвели од цереброваскуларна болест

M05; M06; M07; M08; M10 воспалителни полиартропатии

M15.9 полиартроза неозначено

M30-M36 системски заболувања на сврзното ткиво

Z89 (Z89.5-Z89.8) стекнат недостиг на долен екстремитет

Z96.6 присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога

T93.2; T93.6;T93.9 секвели од повреди на долен екстремитет

Т95.3 и Т95.9 секвели од изгореници,корозии и смрзнатини

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандар, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос.

Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка