Перница за вртење на пациент
2.900,00 ден
Перницата за вртење на пациентот во кревет е идеална за олеснување на работата на лицата кои се грижат за пациенти кои треба да бидат во кревет подолг временски период. Нејзиниот ергономски дизајн ја обезбедува потребната поддршка за движење на лицето со намалена подвижност без да предизвика повреда или да бара дополнителна помош, овозможува лесно одржување на потребната хигиена и повремени промени во движењето на телото кои се многу важни за спречување на декубитус. Се користи како помагало на лицата кои се грижат за пациенти со намалена подвижност обезбедувајќи им ефикасна помош при чистење на телото, пресоблекување, менување на постелнина, позиционирање и менување на пелени.